Општинскиот фудбалски сојуз на свечена седница го прогласи Димче Стојкоски – Лепиот за почесен претседател на ОФС Охрид. Лепиот стави крај на долгогодишната 50 годишна мисија, да го развие фудбалот. Неговиот минат труд и неговата беспрекорна работа не останаа незабележани од УО на ОФС Охрид кој одлучи да му даде посебно место во историјата на Стојкоски.  


Почесниот и актуелниот преседател на ОФС Охрид – Стојкоски и Попоски

Ми претстувава огромна чест и задоволство што во изминатите пет децении од спортското работење имаше човек како Димче Лепиот кој со својата работа го задолжи овој сојуз . Во името на УО на ОФс му се заблагодарувам од се срце и на вас помладите ви препорачувам да ги следите неговите стапки – рече преседателот на ОФС , Диме Попоски.

Од името на Општинскиот одбор на судиската организација на Охрид, претседателот Богоја Маркоски му го честита јубилејот од 50 години работа во ОФС и му посака добро здравје, долг животи мирни пензионерски денови.

За мене овој денешен чин претставува животно дело. Јас сум благодарен на вашата соработката  и на соработката со сите колеги кои во овие 50 години минале низ ОФС Охрид. Верувајте додека сте млади не го чувствувате значењето на ваквите пригоди, но завршувањето на кариерата на еден ваков начин навистина многу значи – низ солзи рече почесниот претседател на ОФС Димче Стојкоски – Лепиот.

М.Постоловски