Поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,   „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ и Неовластено влијание на сведоци“,  СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Б.Д. роден 1968 година во Охрид и Д.У. роден 1947 во Белград-Србија, а живее во Струга. Од страна на Истражен судија од Основниот суд во Охрид на лицето Б.Д. одредена му е мерка притвот во траење од 30 дена.
 
При претрес во домот на Б.Д, Инспекторите од Оделението за борба против дрога, пронајдоа едно стебло од растението „Канабис сатива“ засадено во саксија, 13 таблети „Хептанон“ остатоци од опојна дрога Марихуана и Хероин во хартиено и целофанско пакување, опојна дрога Марихуана оставена во помала метална, пластична и украсна кутија, и повеке нагорени фолии со траги од Хероин. Во станот на пријавениот Б.Д.  затекнати се неколку наркозависници од Охрид, при што кај лицето  К.Ш. пронајдена е една алуминиумска фолија со опојна дрога хероин која во моментот се обидел да ја сокрие.

На ден 06.11.2008 година, оделението за борба против дрога при СВР Охрид, изведе уште неколку акции за сузбивање на овој вид криминалитет, при што од повеке лица беа одземени 46 семки од Марихуана, и друга помала количина опојна дрога Марихуана. Кај лицето Д.Н. роден 1987  година од Охрид, пронајден е пиштол за светлосна сигнализација марка „Гап“ калибар 9 мм. кој илегално го поседувал.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за  инволвираност  и на други лица во вршење продажба на наркотични дроги на зависници од Охрид И Струга.

иёвор: МВР

Ohridnews