Еден американец кој бил ловен од полицијата поради препродажба на дрога, стоел најмалку еден час до вратот затрупан во измет криејќи се од рацете на законот. И покрај големата жртва која ја поднесол, полицајците сепак го пронашле закопан во свински и кучешки измет.
Кога го пронашле морале да употребат и електричен пиштол, бидејќи силно се противел на апсењето. Најпрво го однеле во болница, бидејќи добил хипотермија, а потоа завршил во затвор.