Поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.Т. (22) од Охрид.

Пријавениот, во текот на месец декември 2009 година, од лице од Велешта, за сума од 6 000 денари купил опојна дрога хероин, кој сокриен во своето патничко моторно возило го пренесол до својот дом во Охрид. Со цел  натамошна продажба, Б.Т. извршил препакување на дрогата на помали количини и за сума од 300 до 500 денари ја препродавал на локални наркозависници. Натамошната продажба на хероинот, пријавениот ја вршел  од својот дом каде претходно ќе договорел средба со нив.

Врз основа на наредба од охридскиот Основен суд, кај пријавениот е извршен претрес при што пронајденни се околу 6 грама  непродадена опојна дрога хероин, повеке шприцеви исполнети со раствор од хероин, неколку неискористени игли, парчиња нагорена алуминиумаска фолија како и друг прибор кој се користи при подготвување на дрогата. Одземените предмети се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, соопшти СВР Охрид.

OhridNews
извор: СВР Охрид