Истиот, СВР Охрид ги лиши од слобода, а од страна на истражен судија при Основниот суд во Охрид, одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.
На ден 02.11.2009 година, пријавениот, во својот дом во Охрид, заради натамошна продажба, на претходно набавената количина опојна дрога ,“хероин“ и додал посебна смеса за мешање “лауф“. Така подготвениот хероин, П.П. го спакувал во алуминиумска фолија по што наредниот ден имал намера да го продава на локални наркозависници. Пријавениот, на ден 03.11.2009 година за 500 денари му продал едно хартиено пакување опојна дрога на лице-наркозависник од Охрид.
Натамошната продажба на хероинот била спречена со навремена интервенција на полициските службеници и одземање на повеќе непродадени хероински пакувања во алуминиумска и целофанска амбалажа, соопшти СВР Охрид.