СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ќ.(23) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“.

На 13.04.2009 година,  во Охрид  по наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени и одземени 17,7 грама наркотична дрога-марихуана, а во повеќе наврати на три лица од Охрид им овозможил и употреба од истата.

Ohridnews