Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Н.Б. (36) од Охрид. Од страна на Истражен Судија при Основниот суд во Охрид, изречена му е мерка Притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот, на ден 17. 01.2010 година, околу 20 часот и 30 минути,  на Кеј ,,Маршал Тито,, при обид на Инспекторите од оделението за недозволена трговија со дрога, да го легитимираат, почнал да бега трчајки кон зградата на старото музичко училиште. Притоа, пријавениот исфрлил една најлонска кеса со опојна дрога Марихуана.

Набрзо, потоа, лицето Н.Б. е пронајден и приведен во Полициска станица. При претрес, кај него е пронајдена дополнителна помала количина Марихуана сокриена во џеб од јакната. Пронајдената Марихуана е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Триесет и шест годишниот Н.Б. од Охрид, за службата е познат наркозависник но и наркодилер, кој, Марихуана и Хероин, им набавувал и  продавал на други локални наркозависници. Против него, СВР Охрид има поднесено повеке прекршочни и кривични пријави, соопшти полицијата.

Ohridnews