Американецот Девин Антони Перу (26), дознавајќи дека сите примероци од урина му се позитивни на тестирањето од дрога, го украл целиот ладилник. Пукајќи во прозорецот, влегол во канцеларијата на службеникот кој го контролира додека е на условна казна. Го украл заклучениот ладилник во кого се наоѓале примероците од крв и урина и избегал.
Полицијата нашла доволно докази кои воделе до неговата куќа, каде го пронашле ладилникот но не и садовите во кои се наоѓале примероците.