СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(46) од Охрид, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“. Пријавениот, во јуни 2008 година, од непознато лице од Охрид во четири наврати купил околу 14 грама наркотична дрога марихуана и ја чувал во неговиот копаничарски дуќан , каде на две лица им овозможил да користат наркотична дрога. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

извор: МВР