Поради постоење основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело ,„Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Р.Т.(29)  познат наркозависник и наркодилер од Струга.

Пријавениот, на ден 01.04.2010 година, во напуштена куќа на улицата „Питу Гули“ во Охрид,  подготвил раствор за ињектирање на метадон и дијазепам,  и му го понудил на лицето И.З. од Струга, кој, растворот со шприц го употребил во препоните на ногата. Во моментот на ињектирање, лицата се затекнати од страна на Полициските службеници, ампулите, шприцевите и другите предмети се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Напуштената куќа на улицата „Питу Гули“, е познато собиралиште на наркозависници од Охрид и Струга каде често мерки преземаат Инспекторите од оделението за недозволена трговија со дрога. При вчерашната интервенија, околу 16 часот, во руинираната и напуштена куќа, беа затекнати вкупно 7 малолетници (четири женски и три машки лица). Малолетничките се ученички  во едно основно училиште додека тројцата малолетници се вонобразовниот процес. По претходен договор,  малолетничките самоволно ја напуштиле наставата и околу 16 часот беа забележани  во објектот.

Кај нив не се пронајдени никакви предмети и покрај тоа што еден од малолетниците е познат на службата како наркозависник. При  идентификацијата на   затекнатите, четирите малолетнички давале погрешни  податоци односно се обидувале лажно да се претстават.

OhridNews