Дилавер Бојку од струшкото село Велешта е ослободен од затвор, пет месеци пред истекот на казната поради тоа што се покаал и дисциплинирано се однесувал, соопшти Кице Јузевски, претседател на Апелациониот суд во Битола.
Бојку беше осуден на затворска казна во траење од четири години и пет месеци заради посредување во проституција.
Битолскиот судија Крсте Сиваков соопшти дека Бојку е ослободен порано откако му била прифатена втората молба и заради доброто однесување во затворот во Идризово.
Бојку во наредните пет месеци, додека трае условната казна, ќе мора да биде крајно внимателен и не смее да направи ново кривично дело. Во спротивно, тој повторно ќе биде затворен.
На ваквата одлука реакции пристигнаа од владиниот кабинет, што од страна на апелацискиот суд беше оценето како мешање на Владата во судството. Денеска реагираше и Премиерот Груевски кој во Охрид изјави дека не може да ја разбере одлуката за намалување на затворската казна на Леку.“Од авион се гледа дека ваквата одлукаверојатно не требало да се случи. Иако јас не треба ова да го коментирам, но сепак не можам да се воздржам“, рече Груевски.
Груевски рече дека не верува и не сака да верува дека во донесувањето на судстката одлука влијаел неговиот коалициски партнер ДПА.
Премиеротт Груевски од Охрид денеска ја продолжи вербалната војна со СДСМ во врска со обвинувањата за случајот Кедев и за веледрогеријата Д-р Пановски.