Според податоците од ДИК за локалните избори во Охрид, од обработени 100 % од избирачките места, за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски гласале 12.668 односно 41.68 %. За кандидатот од СДСМ, Константин Георгиески гласале 16.523 односно 54.36 % од гласачите.

Во општина Охрид, од обработени 99% од избирачките места, води претседателскиот кандидат од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова со освоени 14.836 односно 49.63%, а за кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски гласале 13.928 односно 46.59%.

На ниво на државата, според податоците добиени од обработени 99.97% од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски со освоени 436.033 односно 51.67%, а за Гордана Сиљановска Давкова гласале 377.422 односно 44.73%.

Неважечки гласачки ливчиња биле 30.415.

OhridNews