Според објавените резултати на Државната изборна комисија, добиени од обработени 99.80% од гласачките места, за кандидатот за претседател Блерим Река гласале 79.915 граѓани, за Гордана Сиљановска Давкова 319.240 односно 42.24%, а за кандидатот Стево Пендаровски гласот го дале 323.846 односно 42.85% од избирачите. Неважечки ливчиња биле 32.828.
Излезноста на ниво на државата е 41.82% односно гласале 755.816 граѓани.
OhridNews