Заклучно 30 август 2021 година, до 24:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи ги собрале 25 кандидати за градоначалници, а 12 кандидати не успеале тоа да го сторат, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
ДИК информира и дека заклучно со 30 август 2021 година, до 24:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписи за листи на кандидати за членови на совет на општините ги собрале 57 групи избирачи, а 13 не ги собрале потребните потписи.
Во Охрид, потребните потписи за кандидат за градоначалник ги собра Сенат Усеиновски, како и четири непартиски советнички листи.
OhridNews