Државната изборна комисија (ДИК) апелира до сите учесници во претстојниот изборен процес, како и сите субјекти кои директно или индиректно се дел од изборите, да се воздржат од предвремена изборна кампања и да не ги кршат одредбите од Изборниот законик.
– ДИК смета дека претендентите за највисоката функција во државната и локалната власт, треба да дадат свој придонес за одржување и спроведување фер и демократски избори, се вели во соопштението.
Од ДИК информираат дека досега не се забележани случаи на прекршување на одредбите од Изборниот законик во врска со предвремена изборна кампања, освен во неколкуте случаи што веќе се процесуирани. Сепак ДИК соопшти дека ќе го засили мониторингот врз активностите на политичките партии и медиумите, за да се спречи евентуално предвремена кампања.