Државната изборна комисија пред малку ја започна седницата на која ќе се расправа по поднесените приговори од вториот круг на претседателските и локалните избори.

Меѓу подноесените приговори 80-на се однесуваат на изборите за градоначалник што на 5-ти април се одржаа во општините Охрид и Струга.

ОИШ на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, до ДИК поднел речиси триесет приговори. Кандидатот за градоначалник на Охрид од оваа партија, Кирил Трендафилов Нанче, на прес конференција, вчера, истакна дека постојат индиции за одредени нерегуларности во Охрид. Тој кажа и дека во Охрид за вториот круг од изборите се собрало целото криминално и подземно милје за да одработи против него и дека постои основа во Охрид да има трет изборен круг.

Петрески денеска ги отфрли ваквите обвинувања, при што истакна дека ќе биде изненаден доколку ДИК под, како што рече, некаков притисок ги прифати поднесените приговори за Охрид, затоа што тие биле оценети од сите релевантни структури, вклучително и од ВМРО ДОМНЕ, како фер и демократски.

Во Струга ПЕИ обвини дека неделните избори биле најнедемократски организитрани било кога, посочувајќи голем број неправилности. ПЕИ најави 22 приговори, а уште триесетина поднеле ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Ohridnews