Државната изборна комисија соопшти дека процентот на излезност за претседателски избори до 10 часот, во 2 519 избирачки места од вкупно 2 976 избирачки места, изнесува 7,27%.

За споредба, во првиот круг од претседателските избори до 10 часот на гласање излегле 7,90% од вкупниот број запишани избирачи кој изнесува 1 792 082 гласачи.

Процентот на излезност за локалните избори до 10 часот на територијата на целата држава, изнесува 8,59%, соопшти ДИК.

Ohridnews