Државната изборна комисија утрово ги објави резултатите од обработени податоци од 98.61% од избирачки места. Според нив, на ниво на Македонија на референдум гласале 661.393 гласачи, а излезноста била 36.87%.
На прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, со ЗА одговориле 91.48% односно 605.016 гласачи, а ПРОТИВ се изјасниле 5.64% односно 37.312 гласачи.
Во општина Охрид според обработените податоци од сите избирачки места, гласале 16.293, односно 31.22% од гласачите. Во општина Струга на референдум излегле 24.157 односно 40.15%. Во општина Дебрца 1.213 односно 27.20% и во општина Вевчани 650 односно 31.88% од запишаните во единствениот избирачки список.
OhridNews