Државната изборна комисија 22 часа по затворање на избирачките места ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори. Тие не се разликуваат од првичната проекција. Најмногу мандати – 46 освои коалицијата „Можеме“ прeдводена од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ освои 44 пратенички места, ДУИ 15, Алтернатива и Алијанса за Албанците 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Во 5 Изборна единица Коалицијата „Можеме“ освои 8 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 8 мандати, ДУИ 3 мандати, а Коалицијата Алтернатива за Албанците и Алијанса 1 мандат.

Учесниците на изборите имаат рок од 48 часа за поднесување приговори, по кои ДИК треба да одлучи во рок од 72 часа.

OhridNews