Државната изборна комисија – ДИК ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од учесниците на предвремените парламентарни избори.
На седницата одржана денеска ДИК одлучи дека ниту еден приговор не содржи доволно докази за евентуални изборни прекршувања за да поведе постапка.
Најмногу 1982 приговори поднесе Левица. ДИК најпрвин експресно отфрли 1478 од нив поради некомплетна документација, а подоцна ги отфрли и останатите поради недостиг на докази.
OhridNews