Државната изборна комисија на јавна седница денеска ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. ДИК потврди дека најмногу мандати на изборите освоила коалицијата „Можеме“ прeдводена од СДСМ – 46, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 2Обнова на Македонија“ има 44 пратенички места, ДУИ 15, Алтернатива и Алијанса за Албанците 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Со ова и официјално се верификуваат мандатите на новите пратеници во Собранието кое треба да се конституира по Илинден.

Претходно Управниот суд ги отфрли сите тужби ппднесени од политичките партии за изборите.

Г.М.