Државната изборна комисија ги одби сите  приговори поднесени од ВМРО ДПМНЕ кои се однесуваат на вториот круг од изборите за градоначалник на Охрид.

ВМРО ДПМНЕ до ДИК поднесе 27 приговори кои ДИК ги одби како неосновани. Комисијата разгледала вкупно 61 приговор на политичките партии, од кои прифатила само еден на ДУИ за Арачиново. Денеска преостанува да бидат разгледани приговорите на ПЕИ за Струга.

Подносителот сега има можност да ја обжали одлуката на ДИК пред Управниот суд, кој приговорите треба да ги разгледа во рок од 48 часа. Одлуката на Управниот суд е конечна.

Ohridnews