До Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот и 30 минути не се поднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори, информират за МИА од ДИК.

Портпаролката на Комисијата Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирчко право, претседателските избoри завршија во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22 и 30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23 и 30 часот.

ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews