Државната изборна комисија денеска до кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски, треба да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

Членовите на Државната изборна комисија, вчера. остварија средба со претседателот Пендаровски, која се одржа еден ден по лидерската средба во Кабинетот на Претседателот на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

Една од дилемите е дали изборниот процес кој беше замрзнат со прогласувањето на вонредната состојба, треба да продолжи веднаш штом таа биде укината, или ќе почне од почеток. Освен од ДИК, државните институции треба да обезбедат мислења и од останатите релевантни институции поврзани со изборниот процес, како и од ОБСЕ за спроведување на меѓународна набљудувачка мисија. Исто така здравствените експерти треба да подготват мислење, како и соодветен здравствен протокол за одржување на изборите.

Посочените мислења ќе бидат разгледани на нова лидерска средба кај Претседателот, на која треба да биде донесена одлука за одржувањето на предвремените парламентарни избори. Предвидено беше тие да се одржат на 12 април, но беа одложени поради пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19..

OhridNews