Државната изборна комисија, поради опасноста од ширење на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април.

Како една од основните причини за ваквото барање на ДИК се наведува процесот што се одвива пред одржувањето на самите избори во кој се вклучени голем број луѓе кои треба меѓусебно редовно да контактираат.

Над 35.000 граѓани се членови на избирачките одбори и ОИК, а во процесот вклучени се и околу 3.200 медицински лица кои во моментов се ангажирање во справувањето со коронавирусот.

Во изборниот процес се вклучени и голем број лица од Дебар и Центар Жупа каде е воведена кризна состојба.

OhridNews