Анонимен донатор дал прстен со сафир во вредност од 2000 долари во добротворни цели, како би и помогнал на Протестантската Христијанска црква со име „Војска на спасот“, која се занимава со хуманитарна работа. Прстенот бил ставен во кутијата со донациите, а бил завиткан во хартија на која пишувало ним им треба повеќе отколку мене.

На почетокот на овој месец, некој во кутија за донации на една друга хуманитарна организација, која се наоѓала во една продавница во Канзас Сити, исто така оставил дијамантски прстен. Прстенот исто така бил проценет на 2000 долари. Од „Војска на спасот“ било речено дека изминативе неколку години во кутиите за донации наоѓале и златни предмети како и поголеми суми пари.