Белгијанците во Хонг Конг претставиле дијамантски чизми вредни околу 2,4 милиони евра. Најскапите женски чизми на светот се прекриени со скапоцен слој од повеќе од 39 илјади дијаманти со сива и розе боја, а исто така и со полирани дијаманти во боја на шампањско со вкупна тежина од 1550 карати.

Дијамантските чизми се направени по нарачка на Антверпенскиот дијамантски центар во соработка со продавницата за накит Диаро и познатиот дизајнерски дует Ф.А. Вандеворст. Целиот процес на дизајнирањето и шиењето на чизмите и ставањето на дијамантите траел 30 работни часа, објавиле медиумите.