Швајцарскиот производител на часовници „Ибло“ го претставил својот нов, дијамантски часовник, чија вредност се проценува на пет милиони долари. На часовникот направен од бело злато, украсен со 1282 дијаманти, работеле повеќе од една година 17 работници.
Еден познат златар од Њујорк дошол специјално само за да ги постави дијамантите на часовникот. И покрај рецесијата во Европа, експертите навеле дека швајцарските производители на часовници продолжуваат да просперираат благодарение на големата побарувачка во Азија.