Преку 600 шахисти од 37 земји се
пријавиле за претстојниот Европски клупски куп (ЕКК) што ќе се одржи во
Охрид (3-11 октомври). Своето учество досега го најавиле 58 машки и 15 женски
екипи. Натпреварите во машка конкуренција ќе се играат во “Дијамантската“ сала во хотелот Инекс, додека натпреварите во женска конкуренција ќе се играат во хотелот Гранит.


М.П.