Проблематичната актерка Линдзи Лохан добила дијамантска огрлица само за да се држи на страна од пороците. Имено, Линдзи која неодамна излегла од клиниката за лечење на зависности добила од својот пријател Паскал Мувад, дизајнер на накит, огрлица со дијамант во форма на срце, вредна 25 илјади долари. Линзи изгледала фантастично и мала многу позитивен став. Паскал изјавил дека обајцата се радувале на 2011 година во која ќе минат многу време заедно дружејќи се.
Извор близок на овој дизајнер открил дека не е планирана никаква бизнис соработка помеѓу нив двајца, туку дека огрлицата претставувала мотивација за актерката да остане на вистинскиот пат. По излегувањето од клиниката Линдзи одлучила да се пресели на непозната локација, а една од нејзините новогодишни одлуки е и редовно да ги посетува состаноците на анонимните алкохоличари.