Големиот жолт дијамант, познат како „Златно око“, кој бил запленет за време на една полициска акција во американската држава Охајо, бил продаден на интернет аукција за 2,8 милиони долари. Почетната цена на дијамантот, кој е долг околу пет, широк околу 2 сантиметри и со длабочина од 1,37 сантиметри била 900 илјади долари.


Дијамантот кој има 43,51 карат му припаѓал на еден бизнисмен од Охајо, кој бил обвинет за перење пари и за други малверзации. Интернет аукцијата започнала во вторникот и до четвртокот стигнале само четири понуди, меѓутоа останатите 16 понуди стигнале во последниот час. Сеуште не е познато името на новиот сопственик на жолтиот дијамант.