Дијамант со големина на слива, познато под името “Pink star”, бил продаден вчера на аукција во Женева за 83 милиони долари, што претставува светски рекорд кога станува збор за цената на некој скапоцен камен.
Дејвид Бенет, управникот на одделот за накит на аукциската куќа „Сотби“ за Европа и Блискиот исток, ја прогласил продажбата после интензивно петминутно наддавање, пренеле агенциите. Во цената не е вклучена провизијата чија висина сеуште не е објавена. „Сотби“ на аукција пред три години остварила рекордна цена за некој дијамант од 46,2 милиони долари, кога го продале скапоцениот камен “Graf pink”.