Дијамантите се вечни и се најдобар пријател на девојките, но кога љубовта ќе пукне можеби би било паметно да се продаде подарениот накит кој го изгубил емоционалниот сјај. На таа идеја дошле две жени од Лос Анџелес (Калифорнија, САД) и основале интернет страна www.exboyfirendjewelry.com.


Само три месеци подоцна, под слоган „Не ги сакате. Но, тој не може да ги добие назад“, веб страната има 3000 регистрирани корисници кои овде можат да си ја олеснат душата и да си го лечат скршеното срце. Преку страната се продаваат повеќе од 600 прстени, бразлетни и обетки, секој со по една неуспешна љубовна приказна.