Веста дека Барак Обама за својата сопруга Мишел нарачал уникатен прстен кој ќе го плати 30.000 долари не е примена со одобрување од американската јавност. Прстенот бил нарачан истиот ден кога Америка службено потврдила дека се наоѓа во рецесија.


Прстенот ќе го дизајнира италијанскиот дизајнер Џовани Боцо за идната прва дама на Америка, а ќе биде изработен од посебен вид платина со украси од дијаманти.