Дијамант со големина на тениско топче, стар три милијарди години и најголем пронајден во последниов век, би можел да достигне вредност поголема од 70 милиони долари на аукција, соопшти аукциската куќа Сотби. Сотби планира да го понуди дијамантот Леседи ла Рона на 29 јуни во Лондон. Дијамантот е пронајден во ноември минатата година во Боцвана, во рудник на канадската компанија “Lucara Diamond”, има 1109 карати и досега е втор најголем пронајде дијамант, а неговото име значи „наша светлост“. Сотби наведе дека необработениот камен со изклучителна провидност би можел да има досеа надобар квалитет за обработка на дијамант.

 

Управникот на јувелирското одделение на аукциската куќа Сотби, Дејвид Бенет, го нарече пронаоѓањето на дијамантот „Откритие на животот“, претстојната аукција единствена. Нејголем досега пронајден дијамант е Калинана, откриен во Јужна Африка во 1905 година, а исечен е на девет делови кои се наоѓаат на британската кралска круна.