Еден дијамант од 507 карати, кој минатата година го пронашле рудари во Јужна Африка, бил продаден на аукција на една компанија за преработка на скапоцени камења. Достигнал неверојатна цена од околу 25 милиони долари.


Не е соопштено што компанијата Чоу Таи Фук планира да направи со необработениот скапоцен камен кој е еден од најголемите пронајдени примероци до сега. Најголемиот дијамант имал 3106 карати и од него направиле девет помали дијаманти.