Совршен дијамант од 100 карати, класично смарагдно брусен, продаден е на аукција во Њујорк за повеќе од 22 милиони долари. Како што соопшти аукциската куќа Сотби, овој дијамант е единствен смарагдно брусен бел дијамант, со интензивна боја и јаснотија и со повеќе од 100 карати, кој се нашол на аукција. Продаден е за 22,09 милиони долари.
Дијамантот е продаден во јужна Африка и бил тежок 200 карати пред да биде исечен и исполиран, навеле од аукциската куќа. Проценетата предпродажна вредност била помеѓу 19 и 25 милиони долари. Кога станува збор за аукциска продажба на накит, рекордот го држи 24,78-каратен смарагдно брусен розе дијамант кој е продаден за 46 милиони долари на аукција во 2010 година.