Дијабетесот тип 2 во нова студија на американски научници е поврзан со брзото смалување на волуменот на мозокот со текот на времето.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Пенсилванија сугерира дека вооченото зголемување на ризикот за смалување на волуменот на мозокот не е поврзано со негативното влијание на дијабетесот тип 2 на крвните садови во мозокот.

Според зборовите на научниците, се работи за последиците од „борбата“ на мозокот со превисоката концентрација на шеќер во крвта и последичната дегенерација на мозочните клетки.

Нивните наоди се темелат на снимките на мозокот со уред за магнетна резонанца за 614 испитаници кои дијабетес тип 2 имале најмалку 10 години.

Смалувањето на волуменот на мозокот било најизразено кај луѓето кои дијабетес тип 2 имале во најдолг временски период, додава стручното списание Радиолоџи.

Најтешко погодена била сивата мозочна материја која учествува во контролата на работата на мускулите, видот, слухот, помнењето, емоциите, говорот, донесувањето на одлуки и самоконтролата.

Се покажало и дека мозокот на луѓето кои дијабетес тип 2 имале 10 години, по волуменот е сличен на мозокот на две години постари луѓе. Смалувањето на волуменот на мозокот е поврзано со зголемен ризик за деменција.

 

извор:metro-portal.hr