Дијабетесот тип 2 се јавува кај мажите во порана возраст отколку кај жените, а последица на тоа е дека жените чувствуваат посилно влијание на оваа болест на здравјето на срцето од мажите, бидејќи тие почнуваат да примаат агресивни терапии порано, покажало истражување спроведено на Универзитетот Квинсленд.

Подоцниот почеток на третманот кај жените често значи и дека пациентките во тој момент имале поголем индекс на телесна маса од типичен маж со дијабетес тип 2 кој штотуку започнува со лекување.

Новите наоди објавени во стручното списание Дијабетологија се собрани за потребите на 64 претходни студии во кои учествувале повеќе од 850 000 испитаници.

Во просек, жените со дијабетес имале речиси тројно поголем ризик за болести на срцето во однос на своите врснички кои немале дијабетес.
Мажите со дијабетес имале просечно двојно поголем ризик за болести на срцето во однос на останатите учесници од истражувањето на нивна возраст.

 

извор:metro-portal.hr