Општина Охрид преку Одделението за култура надлежно за спомен-обележјата на подрачјето на Општина Охрид, нивна санација, реставрација, чистење и одржување го реализираше проектот „Дигитализација на споменици и спомен-обележја“.
Во периодот на месец октомври и ноември 2024 година, направен е увид на 20 спомен обележја во Oпштина Охрид. Наведените спомен обележја се дигитално мапирани и за истите е подготвен текстуален опис кој ги содржи општите информации и карактеристики за споменичните целини, како и фотографии од моменталната состојба. Со изработка на оваа дигитална мапа ќе се допринесе и во тековното надоградување на Регистарот на спомен обележја во Општина Охрид, посочуваат од Општина Охрид.
Дигиталната мапа содржи четири посебни слоеви, односно спомен обележјата се поделени на четири категории:
1. Споменици на природата :
- Информативна табла за Охридското Езеро
- Спомен дрво Коџаџик
2. Христијански споменици:
- Споменик на Свети Климент Охридски
- Споменик на браќата Свети Кирил и Методиј
- Споменик на Свети Наум Охридски Чудотворец
- Споменик на Свети Климент Охридски
3. Споменици на лица од 19-20 век:
- Спомен гроб на Антон Кецкаров
- Спомен гроб на Григор Прличев
- Спомен биста на Христо Узунов
- Спомен биста на Спас Банџов
- Спомен биста н Григор Прличев
- Спомен биста на Методи Патчев
- Спомен биста на Андон Дуков
4. Спомен куќи и спомен плочи:
- Спомен плоча на куќата посветена на Христо Узунов
- Спомен плоча посветена на формирањето на прв местен комитет
- Спомен куќа на Григор Прличев
- Спомен плоча на Марко Бошнаков
- Спомен плоча посветена на Коста Абраш
- Спомен плоча – Избор на први академици
- Спомен плоча – Детско игралиште „Нада Филева”.
Оваа фаза се однесува на спомен-обележјата во централно градско подрачје, а во понатамошните фази е предвидена е и дигитализација на сите споменични целини на територија на град Охрид со цел создавање на дигитална мапа на сите споменици и спомен- обележја која ќе биде објавена и поставена на охридската web страна, потенцираат од Општина Охрид.
Проектот по фази го реализира охриѓанецот Иван Малезанов.
OhridNews