Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот „Охридско книжижевно наследство“. Приредувачи на проектот се проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Едицијата „Охридско книжевно наследство“ започна во 2018-тата година и опфаќа 11 книги.

Во текот на 2025 година ќе бидат издадени книги Охридски фолклористи, Охридска историографија и Охридска книжевна школа. Целта на проектот е да се соберат на едно место сите охридски духовници, преродбеници, револуционери и други општествени дејци кои оставиле свој траг во целокупната охридска меморија. Должност на Општина Охрид е да го чуваме македонскиот јазик, македонските великани и да го зачуваме споменот на сите кои пред нас го трасирале патот на македонската култура и општество. Со Дигиталната форма, оваа едиција станува подостапна за научната јавност, како и на помладата генерација која работи или ќе работи на истражувања поврзани со познатите охридски имиња, потенцираат од Општина Охрид,

Преку дигиталната верзија на оваа едиција Општина Охрид како издавач, посочуваат, овозможува истата да стане подостапна за целокупната јавност, читајќи, прелистувајќи, превземајќи содржини за сите читатели.

Дигиталната верзија на книгите е достапна на линкот.

OhridNews