Околу 1300 мексикански полицајци се подложени на диета за да го отстранат вишокот килограми, како дел од програмата за борба против дебелината, покрената од градската полициска управа и мексиканското Министерство за здравство.


Полициските службеници добиле совети од експерти како да ја балансираат тежината, какви прехранбени навики да имаат и какви физички вежби да прават. Нора Фијас, претставничката на градскиот завод за јавно здравје, рекла дека 70 отсто од вкупно 70.000 мексикански полицајци имаат прекумерна тежина. “Не можеме да им забраниме да јадат торти, но се обидуваме да им објасниме дека ако денес се јаде парче колач, убаво е да се продолжи со некој зеленчук или нешто корисно до крајот на денот”, велат полициските власти.

Според податоците од статистиката, зголемената тежина кај полицајците во главниот град на Мексико, се појавува како резултат на конзумирањето брза храна на улица, богата со јаглехидрати и маснотии и пиењето на многу газирани пијалаци. Полицајците ќе мораат да дадат крв, да го тестираат нивото на холестерол и да се утврди планот за соодветната диета.

Ф.К.