Слабеење без напорно вежбање и изгладнување, само со спиење, е возможно, покажала една студија со која било откриено дека големата количина сон е клучна во намалувањето на вишокот килограми. Диетата со спиење најдобро делувала на оние кои имаат генетски предиспозиции да бидат дебели, а спиењето повеќе од седум часа во текот на ноќта ги слабеело гените кои предизвикуваат вишок килограми.
Студијата спроведена на универзитетот во Чикаго, направена врз 1000 пара близнаци, покажала дека само идентичните близнаци делат апсолутно исти гени, така што истражувачите можеле да заклучат дали дебелината е вродена или зависи и од други фактори. Кај оние кои спиеле помалку од седум часа за време на ноќта била востановена разлика во тежината од 70 проценти која ја направиле гените.