Денес, 20-ти Јули во клубот Арена во Охрид со почеток во 20:00 часот ќе се одржи “Diehard summer fest”, концерт на четири бендови од Македонија и Бугарија.
Меѓу четирите учесници е еден од најстарите Охридски метал бендови “Морбили”, кои по осум години неактивност, повторно ќе се соберат специјално за овој концерт.
Уште еден бенд од Охрид е металкор екипата “Hardfaced”, како и секое лето, така и ова, со настап на домашен терен.
Од Скопје доаѓаат “Smut”. Бенд кој пред само неколку месеци го издаде својот четврт студиски албум “Мемоарите на скршениот човек” и овој настап ќе биде прва концертна промоција на истиот во Македонија.
Специјалните гости на вечерта, легендите на Балканскиот хардкор, “Last Hope” од Софија, кој исто така издадоа нов албум и ќе го промовираат во Охрид, каде последно настапија пред седум години.
Влезниците ќе можат да се набават само на врата и ќе чинат 200 денари. На влезот на настанот ќе можe да се купат албумите од сите учесници како и голем број на промотивни материјали од истите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com