Фудбалерите на Атлетико Мадрид ниту во вториот обид не успеаја да го освојат трофејот од Лигата на Шампиони претрпувајќи пораз од Реал Мадрид на пенали 5-3.
За разлика од 2013 година во Лисабон кога „кралевите“ трофејот им го зедоа од рацете на „јорганиџиите“, овој пат во Милано „црвени белите“ сами се виновни за поразот промашувајќи пенал во четвртата серија.
– Многу лошо го отворивме мечот, но се консолидиравме и се вративме во игра. И ние и тие имавме свои шанси кои не ги искористивме и мечот заслужено замина во продолженија. Таму ништо посебно не се случуваше бидејќи регуларниот меч го одигравме на високо ниво. Тој што победува се памети, никој нема да се сети на нас иако имавме трнлив пат до финалето. Честитки за Зидан кој има многу среќа на почетокот од кариерата да води една од трите најсилни екипи во светот. – рече Диего Симеоне.
Трофејот од ЛШ е единствениот пехар кој му недостига на Аргентинецот во колекција како тренер.
Рекордна 11-та титула за Реал Мадрид во Лигата на Шампиони (видео)
OhridNews