Диего Марадона во средата го добил своето петто дете. Неговата поранешна девојка Вероника Охеда родила момче, кое добило име Диего Фернандо Марадона Охеда. Фудбалската легенда за време на породувањето се наоѓала во Дубаи, каде работи како спортски амбасадор. Вероника се породила со царски рез во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. Славниот фудбалер ја прекинал врската со неа кога таа била во четвртиот месец од бременоста, и засега не е познато кога ќе оди да го посети синот.

Веста за раѓањето на момчето ја открил адвокатот на Охеда, Хорхе Аурисио, кој изјавил дека бебето имало 3,2 килограми и дека било родено ноќта помеѓу средата и четвртокот во 23 часот и 57 минути. тој додал дека мајката и детето се чувствувале одлично. Марадона од претходниот брак со Клаудија Вилафане има две ќерки, Далма и Џанина. Има уште две деца од две вонбрачни врски кои никогаш не ги признал како свои, иако било потврдено дека тој е таткото.