Итната операција на главата на Диего Армандо Марадона помина успешно и прославениот аргентински фудбалер се наоѓа во добра и стабила здравствена состојба. На Марадона со хируршки зафат му беше остранет хематом од главата кој можеше да му го загрози животот.

Поддршка пред и после операцијата Марадона доби од цела земја. Поголема група на фудбалски вљубеници со громогласен аплауз го испрати Марадона на операција.

OhridNews