Бразилскиот плејмејкер Диего го напушти Јувентус и потиша договор со бундеслигашот Волфсбург.

Диего во наредните 4 години се обврза на верност на германците, за кои ќе добива по 6 милиони евра по сезона.

На контото на Јувентус ќе легнат 15 милиони евра, плус 2 милиони евра како бонус доколку тимот наредната година обезбеди учество во Лигата на Шампиони.

Диего минатото лето од Вердер прејде во Јувентус, а Старата Дама за него плати 25 милиони евра.

Ohridnews