Шпанскиот продуцент и диџеј Сак Ноел и диџејот Сенди Ривера од Њујорк ќе бидат дел од  првото издание на големата забава „White explosion“, што ќе се одржува во Охрид на 2-ри Август 2014 година.

Единствен услов да се биде дел од оваа забава е дрескод кој вклучува исклучиво бела гардероба. Експлозијата во бело која ќе се одржува на отворено, на една од охридските плажи ќе биде придружувана од танчерки, специјални музички и звучни ефекти, пена парти и многу други летни изненадувања.

Оганизаторите најавуваат дека оваа неповторлива журка ќе трае повеќе од 6 часа, а освен интернационалните диџеј ѕвезди, забавата ќе ја зачини и македонската диџеј поддршка. Влезниците се по цена од 250 и 300 денари.

OhridNews