Шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез и „црвено црната“ армија навивачи можат да здивнат откако повредата на окото на Тимур Дибиров не е сериозна.

Дибиров, ударот во окото го доби од Паскал Хенс во финишот од мечот во Лигата на Шампиони против Хамбург. Германскиот репрезентативец сосема заслужено доби црвен картон, а Дибиров остана надвор од теренот.

Првичните прогнози беа оти тој ќе отсуства до крајот на сезоната, но окото не мора да се оперира и за три недели летечкото крило ќе се врати на терените.

Мх.П.